Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата.
По петнаесет минути игра „лавиците“ имаат предност од 8:5, а потоа Спартак дојде до минус два при 12:10, по тоа Ѓорче Петров до крајот на првиот дел направи плус седум односно серија од 5-0 за 17:10 на полувреме.
Во вториот дел разликата постојано растеше до конечните 35:21 за висока победа над Ѓорче Петров.
Прв име кај Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со девет гола, а Марија Јанкуловска имаше осум гола. Кај Спартак најпрецизна беше Сара Цветановска со шест гола, а со пет погодоци ја следеше Ива Бозиноска.