Ракомет

Кристијан Дуда: „Атмосферата во Охрид е можеби најубавото нешто што сум го искусил досега”

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

И покрај убедливиот триумф на Охрид со 30-21 во „Билјанини Извори“, во таборот на Дукла Прага не изостанаа пофалбите за домашниот состав и атмосферата во салата. Чешкиот тим се соочи со расположен голман, цврста одбрана и мотивиран противник, што беше пресудно во првиот осминафинален дуел од Европскиот куп.

Пивотменот Кристијан Дуда, кој постигна четири гола на натпреварот, во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, истакна дека очекувале тежок предизвик и силен отпор од Охрид. Тој нагласи дека атмосферата оставила силен впечаток врз него и неговите соиграчи, но и дека Дукла нема да се откаже во реваншот во Прага, каде ќе се обидат да изненадат.

,,Мечот беше навистина тежок, како што и очекувавме. Морам да кажам дека навивачите и атмосферата беа одлични, би сакал тоа да го имаме и во Прага, но за жал го немаме. Исто така очекувавме многу добра одбрана и расположен голман..така и беше. За реваншот следниот викенд, ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе се обидеме да го изненадиме Охрид, имаме шанси, па мислам дека ќе дадеме сè од себе. Се надевам дека кај нас ќе имаме поддршка од навивачите, посакувам и се надевам дека ќе дојдат како навивачите тука. И уште еднаш морам да нагласам, атмосферата беше одлична и навистина ми се допадна, можеби и најубавото нешто што сум го искусил досега.“ – изјави Дуда за Спортска Мрежа.

Иако Дукла во Прага ќе влезе со негатива од девет голови, изјавите од нивниот табор најавуваат борба до последната минута. Од друга страна, Охрид со самодоверба и квалитет ќе патува на реваншот, решен да го завери пласманот меѓу најдобрите осум во Европскиот куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21...

Ракомет

Драчево Јуниор убедливо го доби Аеродром

Ракометарките на Драчево Јуниор со убедливи 37:29 славеа над Аеродром во рамки...

Ракомет

Моралес: „Можевме и подобро, но девет гола предност ни даваат реална шанса за четвртфинале“

ГРК Охрид направи огромен чекор кон четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!