Овој викенд се играат натпреварите од 4. коло на плеј-офот и плеј-аутот во Првата одбојкарска лига на Македонија во машка конкуренција.
Денес на програмата се два натпревари од плеј-офот кои стартуваат во 18 часот. Дербито се игра во градот по Исарот каде Штип УГД ќе го пречека ГОК Борец во спортската сала „Јордан Мијалков“.
Штипјани сакаат продолжува на фантастичната форма и против велешани, кои пак доаѓаат по изненадување против актуелниот освојувач на Купот на Македонија.
Шампионот Струмица ќе има тежок предизвик пред домашната публика против Работнички, ова ќе биде меч за докажување на подмладената Струмица.
Оваа рунда од плеј-офот се комплетира дури во понеделник со натпреварот меѓу Сушево и Универзитет во Тетово, стартот е закажан за во 20:30 часот.
Денес се играат трите натпревари од плеј-аутот во дневен термин. Од 14:30 часот Јанта Волеј ќе го пречека Скопје, половина час подоцна Македонија Џио го отвара мечот со Шкендија на домашен терен, додека пак од 15:30 часот Лирија ќе игра против Весна Пробиштип.