Второлигашот Каменица Саса во недела ќе ја има „генералката“ во Велес против некогашниот прволигашот Борец, кој сезонава се натпреварува во Трета лига – Југ и сака експресно враќање во Втора лига.
„Рударите“ во пролетниот дел ги очекува борба за опстанок во Втората лига, а мечот во Велес ќе биде последна проверка за капацитетот на тимот. По неколкуте засилувања кои пристигнаа во Македонска Каменица, веќе в недела стручниот штаб ќе има можност да види како ќе оди нивното вклопување и што ќе се очекува во пролетните предизвици.
Од друга страна, пак, Борец го очекува борба за Превалец за првата позиција во Трета лига – Југ, која води кон баражот за Втора лига, а целта на велешани е враќање во второлигашкото друштво.