Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

Сподели
Сподели

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир кој ќе се одигра во две групи, со учество на шест екипи и натпревари во текот на два дена.

Како што информираат од ФК Пчиња, турнирот ќе се игра во две групи. Во групата А се наоѓаат: ФК Четирце, ФК Македонија Агино и ФК Пчиња 2015, додека во групата Б ќе настапат ФК Дељадровци, ФК Младост Велес и ФК Бујковци.

Во првата фаза, која ќе се одигра во сабота, екипите ќе играат по систем „секој со секого“ во рамките на својата група. Натпреварите ќе се играат во две полувремиња од по 30 минути, а правдата ќе ја делат судии од ОФС Куманово. Двете најдобро пласирани екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во полуфиналето, кое е закажано за недела.

Од клубот напоменуваат дека внимателно се следи временската прогноза и постои можност за одложување поради најавените обилни дождови. Раководството не сака да ризикува уништување на теренот, со оглед дека во два дена се предвидени дури 10 натпревари. Сепак, очекувањата се за добра посетеност и вистинска фудбалска атмосфера.


  • Деценија нова енергија, повеќе од шест децении традиција

Иако турнирот се организира по повод 10 години од обновувањето на клубот под името ФК Пчиња 2015, фудбалската традиција во Пчиња датира уште од 1963 година, кога клубот бил формиран под името „Задругар“. Во 1968 година го добива името „Пчиња“, според матичното место, а низ годините клубот минувал низ неколку трансформации.


Од сезоната 2001/2002 настапува како ФК „Пчиња 2001“, а од 2007/2008 со нов амблем и лого го носи името ФК „Пчиња Јунајтед“. Во 2015 година клубот е обновен како ФК „Пчиња 2015“, име под кое и денес се натпреварува.

Домашната гарнитура на клубот е препознатлива по портокалово-црвени риги, со црни гаќици и бели чорапи, додека на гостински терен настапува во сина или комплетно бела комбинација.

ФК Пчиња зад себе има и значајни спортски успеси. Во сезоните 2022/2023 и 2023/2024 беше шампион во Општинската фудбалска лига Куманово, по што во сезоната 2024/2025 заигра во Третата лига – Север, каде настапува и во тековната сезона 2025/2026. Истата сезона клубот за првпат учествуваше и во Купот на Македонија, најмасовното клупско натпреварување под капата на ФФМ, каде беше поразен од второлигашот Новаци со 0-3 на теренот во Петровец.


Најголемото дерби за Пчиња е дуелот со ФК „Ран Производ“ од Студена Бара – соседско ривалство со долга традиција, а како помало дерби се издвојува и натпреварот против ФК Орашец.

Со турнирот „10 години ФК Пчиња“, клубот не само што слави јубилеј, туку и ја потврдува својата посветеност кон фудбалот и локалната заедница, продолжувајќи ја традицијата која трае повеќе од шест децении.


Спортска Мрежа медиумски ќе ги поддржи овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци. Дрита на домашен...

Трета лигаФудбал

Илинден го доби Аеродром, Ржаничино броеше до десет, висока победа за БВК Коњаре, три бода за Беса Сарај

Амбициозниот Илинден со триумф ја започна сезоната во Трета лига регион 1 во која ќе цели на шампионската титула и на бараж за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

Трета лигаФудбал

Илинден го доби Аеродром, Ржаничино броеше до десет, висока победа за БВК Коњаре, три бода за Беса Сарај

Амбициозниот Илинден со триумф ја започна сезоната во Трета лига регион 1...

Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

Трета лигаФудбал

Големо Коњари со триумф ја отвори сезоната, Борец со „лото“ победа, едно реми со шест гола

Некогашниот прволигаш Борец убедливо ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!