Втора лигаФудбал

На „Билјанини Извори“ ќе биде одиграна „генералката“ на Охрид и Новаци

Сподели
Сподели

Во сабота на стадионот „Билјанини Извори“ ќе се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Охрид и Новаци, кој ќе послужи како последна проверка на двете екипи пред стартот на пролетниот дел во Втората лига, а кој е закажан за 21 февруари.

Натпреварот кој ќе започне во 14 часот ќе биде „генералка“ за двата второлигаши, а тренерите Ромео Кочоски и Дарко Крстески ќе ја имаат конечната слика за нивниот тим и што може да се очекува од истиот во вториот дел од шампионатот.

Инаку, Охрид пролетниот дел ќе го отвори против Беласица во Струмица, а пак Новаци треба да патува во Прилеп кај Победа, но прилепската фудбалска гордост преку соопштение најави дека нема да продолжи со натпреварување поради очајната финансиска состојба, иако клубот се’ уште нема испратено известување до ФФМ, а веќе има најави за спас на клубот односно да ја доигра сезоната, па останува отворено и натаму тоа прашање.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани подготвени да ја одбранат својата Тврдина

Ракометарите на Охрид под полна пареа се подготвуваат за првата пресметка од двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Дукла Прага,...

Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир кој ќе се одигра во две групи, со учество на шест...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново закажана „генералка“ против Тетекс

Второлигашите Шкендија Арачиново и Тетекс во сабота ќе ја имаат својата „генералка“...

Втора лигаФудбал

„Генералка“ на Вардар Неготино и Брегалница на популарната „Цвај арена“

На популарната „Цвај арена“ ќе се одигра „генералката“ меѓу второлигашите Вардар Неготино...

Втора лигаФудбал

Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица закажаа „генералка“

Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица закажаа „генералка“ како последна проверка пред почетокот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!