Третолигашот Брегалница од Делчево веќе околу десеттина дена е во тренажен процес низ кој се подига формата за пролетната полусезона во Трета лига – Исток.
Некогашниот прволигаш од Делчево ќе ја проверува формата и преку пријателски натпревари, а досега се засили со двајца фудбалери за што веќе објави и Спортска Мрежа, се работи за Еди Мандак и Христијан Крстов.
Тимот нема шанси за бараж за Втора лига, но ќе цели кон што подобар пласман на табелата и подобри резултати во пролетниот дел. Инаку, Брегалница Делчево есенскиот дел го заврши на шестото место со 12 бодови, а пролетната полусезона започнува на 8 март со мечевите од 12. коло.