Останато

Познати се четвртфиналистите од Купот на ОФМ кај мажите

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Тетовските екипи Лирија, Шкендија и Универзитет во Тетово, заедно со Сушево, успешно го минаа претколото од Купот на ОФМ 2026 во машка конкуренција и обезбедија место во четвртфиналето.

Директен пласман меѓу осумте најдобри екипи имаа четирите првопласирани тима од есенскиот дел на сезоната – лидерот и актуелен освојувач на трофејот Штип УГД, потоа Струмица 47&72, како и Работнички 71&22 и ГОК Борец.

Согласно пропозициите, четвртфиналните двојки ќе бидат одредени со полудиригиран ждреб. Во еден шешир ќе се најдат директно пласираните екипи, а во вториот тимовите кои изборија пласман преку претколото.

Четвртфиналната фаза ќе се игра во еден натпревар, на теренот на подобро пласираната екипа.

Терминот за одржување на ждрепката ќе биде дополнително објавен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани подготвени да ја одбранат својата Тврдина

Ракометарите на Охрид под полна пареа се подготвуваат за првата пресметка од двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Дукла Прага,...

Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир кој ќе се одигра во две групи, со учество на шест...

Поврзани написи
Останато

Ана Цветановска го заврши својот настап,105-та на Олимписките игри во крос-кантри на 10 км

Македонската скијачка во крос кантри Ана Цветановска го заврши својот настап на...

Останато

Иса Елмази по нов подвиг: Тетовскиот каратист ќе се бори за медал во светската младинска лига

Каратистот од Тетово, Иса Елмази, денес отпатува кон Фуџаира, каде што ќе...

Останато

Вардар жени 2019 убедливо во осминафиналето на Купот на ОФМ, познати сите двојки за купот

Второлигашот Вардар жени 2019 го заокружи списокот на учесници во осминафиналето на...

Останато

ДОКУМЕНТ: Колку пари земаа спортските клубови од општина Охрид?

Објавено е решението за распределување на буџетските средства од програмата за спорт...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!