Македонската скијачка во крос кантри Ана Цветановска го заврши својот настап на Зимските олимписки игри Милано–Кортина, настапувајќи во дисциплината крос-кантри на 10 километри.
Во силна конкуренција од вкупно 111 натпреварувачки, македонската репрезентативка го освои 105. место со време од 31:32.4 минути. Таа заостана 8 минути и 39 секунди зад победничката, шведската скијачка Фрида Карлсон, која го освои златниот медал.
За Цветановска ова беше втор настап на Зимските олимписки игри, по нејзиното прво учество на Олимпијадата во Пекинг 2022 година, со што продолжи да ја претставува Македонија на најголемата светска спортска сцена.