Ракомет

ФОТО: Шампионот Еурофарм Пелистер како на тренинг против „фенерџијата“ Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно во пролетниот дел од Суперлигата, откако на гостувањето кај Радовиш забележа убедлива победа од 17:42 во рамки на 20. коло. Тимот на Стевче Алушовски одигра колку што беше потребно во првиот дел, а потоа во продолжението целосно го „скрши“ отпорот на домаќинот.

Радовиш парираше во воведните минути и одржуваше негатива од неколку гола, но квалитетот на битолчани постепено дојде до израз. На паузата резултатот беше 11:16, а клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме кога „зелено-белите“ направија серија од осум погодоци по ред и ја одведоа средбата во еднонасочна улица.

До крајот, Еурофарм Пелистер ја демонстрираше својата моќ во транзиција и со цврста одбрана дозволи само шест гола во вторите 30 минути. Филип Кузмановски беше перфектен со девет реализации, Атанасијевиќ и Хекбарт додадоа по седум, а голманот Брестовац имаше значаен придонес меѓу стативите. Кај домаќините, Јанковски постигна четири гола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со новите бодови, Еурофарм Пелистер се врати на второто место со 34 бода, зад Вардар, а пред Охрид. Радовиш останува на дното без освоен бод и веќе е јасно дека клубот пролетва настапува со подмладен состав и без посериозни засилувања. Со оглед на состојбата, тимот практично е со „спакувани куфери“ за преселба во Првата лига.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Пелистер го пречекува Прилеп, додека Радовиш повторно ќе биде домаќин, овојпат на Еурофарм Пелистер 2.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „жолто-црните“ е Фатјон Јусуфи. Станува збор за...

Поврзани написи
Ракомет

Тинекс Пролет ги испрати во „пензија“ Мајнов и Даскалоски

Раководството на Тинекс Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со...

Ракомет

Струга не се предаде во Скопје: Бод со вкус на победа во драмата со Пролет

Во возбудлив натпревар од 20. коло во ракометната Суперлига, Пролет и Струга...

Ракомет

Нов европски предизвик за Митревски и Тодоровски – назначени за дербито во Сегед!

Европската ракометна федерација повторно им укажа доверба на македонските арбитри Димитар Митревски...

Ракомет

Алкалоид не остави шанси за Еурофарм Пелистер 2 – убедлива победа во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 вечерва не успеаја да ја изненадат екипата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!