Втора лигаФудбал

Јорго Папули си замина од второлигашот Скопје

Сподели
Сподели

Јорго Папули кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако 24-годишниот фудбалер си замина од второлигашот Скопје, дознава ексклузивно Спортска Мрежа.

Папули во Скопје пристигна во август минатата година и за „пиратите“ од Автокоманда настапуваше изминатите шест месеци, а дојде од редовите на Кожуф. Во тимот од Автокоманда, Папули беше стандарден првотимец со одиграни 15 натпревари.

Низ неговата кариера покрај за Кожуф и Скопје настапуваше и за Вардар, Брера Струмица и Металург од каде и ја започна кариерата. Папули меѓународна кариера градеше во Романија, каде настапуваше за вториот тим на ФЦСБ.

Веќе има интерес за Папули во финишот на преодниот рок да се обезбеди неговиот потпис.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!