Ракомет

ФОТО: Третолигашот Ударник од Пирава ги започна подготовките

Сподели
Сподели

Третолигашот Ударник од Пирава ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток.

Ростерот на тимот е сочуван од есенскиот дел, а притоа дополнително е засилен со 16-годишниот Бојан Ристов. Целта на тимот ќе биде да се стигне до првото место кое води кон баражот за Втора лига.

Ударник веќе одигра еден пријателски натпревар со хуманитарен карактер против Слога од Злеово, а веќе овој викенд ќе одигра контролен меч со второлигашот Беласица во Струмица. Ударник презимува на второто место со три бодови помалку во однос на непоразениот лидер Победа од Валандово.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „жолто-црните“ е Фатјон Јусуфи. Станува збор за...

Поврзани написи
Ракомет

Тинекс Пролет ги испрати во „пензија“ Мајнов и Даскалоски

Раководството на Тинекс Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со...

Ракомет

ФОТО: Шампионот Еурофарм Пелистер како на тренинг против „фенерџијата“ Радовиш

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно во пролетниот дел од Суперлигата, откако на гостувањето...

Ракомет

Струга не се предаде во Скопје: Бод со вкус на победа во драмата со Пролет

Во возбудлив натпревар од 20. коло во ракометната Суперлига, Пролет и Струга...

Ракомет

Нов европски предизвик за Митревски и Тодоровски – назначени за дербито во Сегед!

Европската ракометна федерација повторно им укажа доверба на македонските арбитри Димитар Митревски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!