Ракомет

ФОТО: Шампионот Еурофарм Пелистер како на тренинг против „фенерџијата“ Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно во пролетниот дел од Суперлигата, откако на гостувањето кај Радовиш забележа убедлива победа од 17:42 во рамки на 20. коло. Тимот на Стевче Алушовски одигра колку што беше потребно во првиот дел, а потоа во продолжението целосно го „скрши“ отпорот на домаќинот.

Радовиш парираше во воведните минути и одржуваше негатива од неколку гола, но квалитетот на битолчани постепено дојде до израз. На паузата резултатот беше 11:16, а клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме кога „зелено-белите“ направија серија од осум погодоци по ред и ја одведоа средбата во еднонасочна улица.

До крајот, Еурофарм Пелистер ја демонстрираше својата моќ во транзиција и со цврста одбрана дозволи само шест гола во вторите 30 минути. Филип Кузмановски беше перфектен со девет реализации, Атанасијевиќ и Хекбарт додадоа по седум, а голманот Брестовац имаше значаен придонес меѓу стативите. Кај домаќините, Јанковски постигна четири гола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со новите бодови, Еурофарм Пелистер се врати на второто место со 34 бода, зад Вардар, а пред Охрид. Радовиш останува на дното без освоен бод и веќе е јасно дека клубот пролетва настапува со подмладен состав и без посериозни засилувања. Со оглед на состојбата, тимот практично е со „спакувани куфери“ за преселба во Првата лига.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Пелистер го пречекува Прилеп, додека Радовиш повторно ќе биде домаќин, овојпат на Еурофарм Пелистер 2.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!