Кошарка

Каква е ситуацијата на табелите во Третата кошаркарска лига?

Сподели
Сподели

Викендот ќе бидат одиграни натпреварите од 3. коло на Третата кошаркарска лига на Македонија, а пред одигрување на третата рунда, ги објавуваме табелите во сите три групи.

Во рамки на Трета лига група А лидер е Љуботен со два од два и четири бодови, како и Феникс Баскет.

  • ТАБЕЛА: ТРЕТА ЛИГА ГРУПА А:

Во Трета лига група Б две екипи имаат две победи од два натпревари, лидер на табелата е Овче Поле од Свети Ниокле со четири бодови, а пак битолска Хераклеа е втора со ист број на бодови.

  • ТАБЕЛА: ТРЕТА ЛИГА ГРУПА Б:

Во оваа третолигашка група наместо седум екипи како и во другите две групи тука се натпреваруваат пет екипи, бидејќи две екипи не настапуваат. Екипата на Струмица се откажа пред почетокот на првенството, додека пак тимот на Баскет Кам е дисквалификуван поради два неодиграни натпревари.

Овде две екипи имаат по две имаат по една победа и еден пораз или со по три бодови го делат првото место. Тоа е Гевгелија која е прва и Ролинг од Струмица кој е втор.

  • ТАБЕЛА: ТРЕТА ЛИГА ГРУПА В:

Викендот ќе се одиграат натпреварите од третата рунда од Третата кошаркарска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе...

Кошарка

Кожув го урна шампионот, Феникс славеше во Чаир, Гостивар сигурен против Маџари

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди...

Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!