РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за натпреварите со Летонија и Фарски Острови од Лига на нации

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека од понеделник (11. ноември) започнува продажбата на билетите за натпреварите на Македонија со Летонија и Фарски Острови од Лигата на нации.

Цената на билетите за натпреварите изнесува 200 и 400 денари односно на јужната и северната трибина цената ќе биде 400 денари, додека пак на запад и исток цената на билетот ќе изнесува 200 денари.

Продажбата на билети за натпреварите Македонија – Летонија и Македонија – Фарски Острови ќе се организира преку продажната мрежа на MKTickets.

Натпреварот против Летонија се игра на 14. ноември (четврток) од 20:45 часот, додека пак против Фарски Острови се игра на 17. ноември (недела) од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица и Тетекс со поделба на бодовите во меч под рефлектори во Струмица

Беласица и Тетекс одиграа нерешено 2:2 во меч од 5. коло на Втората лига, кој се одигра под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Молдавија

Женската репрезентација на Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!