Ракомет

Лиапис: „Ќе се бориме за уште едно коло во ракометна Европа“

Сподели
Сподели

ГРК Охрид викендов го очекува нов европски предизвик во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Во салата „Билјанини Извори“, охриѓани ќе го пречекаат тимот на Дукла Прага, со јасна цел – продолжување на европската приказна и пласман во следната рунда.

Пивотменот на охридскиот состав, Николаос Лиапис, истакнува дека атмосферата во тимот е позитивна и дека подготовките се одвиваат во најдобар ред. Според него, желбата е јасна – уште еден чекор напред во европското натпреварување.

„Возбудени го очекуваме престојниот европски натпревар. Тренираме напорно и сме целосно подготвени, иако немаме играно тежок меч веќе некое време. Ќе се бориме за уште едно коло во ракометна Европа.“- изјави Лиапис.

Тој, како столб на одбраната и важна алка на линијата од шест метри ќе има значајна улога во дуелот со чешкиот претставник. Неговата цврстина во дефанзива и борбеност во нападот ќе бидат клучни во обидот Охрид да наметне свое темпо уште од самиот почеток.

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Дукла Прага се игра во сабота (14.02.2026) со почеток од 18:00 часот во СЦ „Билјанини Извори“. Охриѓани ќе атакуваат на позитивен резултат и нов европски исчекор, потпирајќи се на домашниот терен и поддршката од трибините.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брегалница се засили со Аљбан Мемеди

Второлигашот Брегалница се засили со Аљбан Мемеди кој доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија, дознава Спортска Мрежа. 22-годишниот централен напаѓач треба да...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Поврзани написи
Ракомет

Тинекс Пролет ги испрати во „пензија“ Мајнов и Даскалоски

Раководството на Тинекс Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со...

Ракомет

ФОТО: Шампионот Еурофарм Пелистер како на тренинг против „фенерџијата“ Радовиш

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно во пролетниот дел од Суперлигата, откако на гостувањето...

Ракомет

Струга не се предаде во Скопје: Бод со вкус на победа во драмата со Пролет

Во возбудлив натпревар од 20. коло во ракометната Суперлига, Пролет и Струга...

Ракомет

Нов европски предизвик за Митревски и Тодоровски – назначени за дербито во Сегед!

Европската ракометна федерација повторно им укажа доверба на македонските арбитри Димитар Митревски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!