Прва лигаФудбал

Спортска Мрежа дознава: Виктор Велкоски пред потпис со Брера Струмица!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Искусниот Виктор Велкоски го засилува прволигашот Брера Струмица, дознава ексклузивно Спортска Мрежа, трансфер кој клубот од Струмица треба формално да го потврди, бидејќи според нашите информации двете страни се во финални преговори и ќе следува потпис за соработка до крајот на сезоната.

Искусниот дефанзивец во Брера доаѓа од редовите на Работнички и своето деби може да го вика веќе во првата пролетна рунда односно во четврток против Македонија ЃП.

Струмичани сега добиваат на искуство на одбранбената линија во битката за потврда на директен опстанок во Првата лига.


Велкоски низ кариерата покрај за Работнички настапуваше за Вардар од каде ја започна кариерата, а низ која беше дел од Пелистер, Љубанци, Скопје, Победа и Брегалница, додека пак во странство настапуваше за Лачи во Албанија, меѓународна кариерата градеше во Грција за екипата на Егиниакос, а беше дел и од казахстанскиот Туран.

Според информациите на Спортска Мрежа за искусниот Виктор Велкоски понуди пристигнале и од Израел и Ирак, но сепак тој се одлучил да ја прифати понудата на Брера Струмица и да остане во македонскиот фудбал.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!