По седум одиграни кола во Суперлигата пингпонгарите на Младост 96 од Прилеп имаат максимален учинок седум од седум и 14 бодови на своето конто.
На второто место со скор од 5:2 е тимот на Астраион од Струга кој се наоѓа на второто место на табелата со 12 бодови, а толку бодови има и штипскиот Шампион Фа кој е трет.
По 12 бодови имаат и екипите на Телеком Нец 2 кој е четврти и Крива Паланка која е петта.
Екипата на Пелагонија со 10 бодови и учинок од три победи и четири порази е на шесттото место на табелата, додека пак Радовиш кој е повратник во Суперлигата е седми со девет бодови, колку што има и Вардар кој е осми.
На деветтото место е екипата на Берово со осум бодови, додека пак екипата на Младост од седум натпревари има седум порази и со седум бодови на своето конто е на последното десетто место.
На 24. ноември ќе бидат одиграни натпреварите од осмото и деветтото коло со што ќе заврши есенската полусезона.