Останато

Ставре Јада 89-ти на спринт трката на ЗОИ, следува настап на 10 километри

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Ставре Јада денеска го имаше својот прв настап на Зимските олимписки игри, што воедно е негово трето учество на најголемиот спортски настан во светот.

Македонскиот нордиски скијач настапи на трката во спринт на патека долга 1.6 километри, која ја заврши со време од 3:59.56 минути. Со остварениот резултат, Јада го освои 89. место во конкуренција на вкупно 95 пријавени натпреварувачи. Еден од скијачите беше дисквалификуван, а еден не успеа да ја заврши трката.

Јада заостана 52 секунди зад победникот, Норвежанецот Јоханес Клебо.

За македонскиот олимписки претставник нема многу време за одмор, бидејќи веќе за три дена повторно ќе настапи на патеката. Јада ќе се натпреварува во дисциплината на 10 километри, каде ќе има нова можност за подобар резултат и уште едно достојно претставување на Македонија на Зимските олимписки игри.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Комичен момент: Голманот на Шкендија со избиена топка го погоди камерманот на трибините

На дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум беше забележан и еден необичен момент, кој брзо стана тема на социјалните мрежи. Голманот на...

Втора лигаФудбал

Фотографии, спомени и тага кај целата фудбалска јавност: Тешки моменти за Победа

Фудбалскиот клуб Победа денес преку официјално соопштение информираше дека нема да продолжи со натпреварување во пролетниот дел од Втората лига. Веста силно одекна...

Поврзани написи
Останато

Тежок пораз за македонските тенисери, Кипар славеше со 5:0 на Дејвис купот

Тениската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Кипар со 5:0 во...

Останато

Пробиштип ги награди најуспешните: Избрани најдобрите спортисти и екипи за 2025 година

Општина Пробиштип по седми пат по ред ја организираше традиционалната спортска манифестација...

Останато

Лина Ѓорческа направи скок од 12 места на ВТА ранг-листата!

Формата на Лина Ѓорческа продолжува да се движи во нагорна линија, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!