Останато

Тежок пораз за македонските тенисери, Кипар славеше со 5:0 на Дејвис купот

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Тениската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Кипар со 5:0 во дуелот од Втората Светска зона на Дејвис купот што се одигра во Никозија. Во трите натпревари домашната селекција ги потврди победите и го комплетираше максималниот триумф.

Во последниот меч, 15-годишниот Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2-0 во сетови (7:6(8), 6:1). Во првиот сет се водеше израмнета борба, Алексовски спаси четири сет топки, но ривалот беше посигурен во тај-брејкот и славеше со 10:8 на поени. Во вториот сет кипарскиот тенисер доминираше и го доби со 6:1.

Во првиот сингл меч Кристијан Јанев беше поразен од Николас Кембел со 2-0 (6:2, 7:5). Претходно, во конкуренција на двојки, Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ загубија од тандемот Мелиос Ефстатиу / Елефтериос Неос, исто така со 2-0 во сетови.

По овој пораз, македонската репрезентација во јуни ја очекуваат настапи во рамките на Третата зона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Комичен момент: Голманот на Шкендија со избиена топка го погоди камерманот на трибините

На дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум беше забележан и еден необичен момент, кој брзо стана тема на социјалните мрежи. Голманот на...

Втора лигаФудбал

Фотографии, спомени и тага кај целата фудбалска јавност: Тешки моменти за Победа

Фудбалскиот клуб Победа денес преку официјално соопштение информираше дека нема да продолжи со натпреварување во пролетниот дел од Втората лига. Веста силно одекна...

Поврзани написи
Останато

Ставре Јада 89-ти на спринт трката на ЗОИ, следува настап на 10 километри

Ставре Јада денеска го имаше својот прв настап на Зимските олимписки игри,...

Останато

Пробиштип ги награди најуспешните: Избрани најдобрите спортисти и екипи за 2025 година

Општина Пробиштип по седми пат по ред ја организираше традиционалната спортска манифестација...

Останато

Лина Ѓорческа направи скок од 12 места на ВТА ранг-листата!

Формата на Лина Ѓорческа продолжува да се движи во нагорна линија, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!