МагазинРакомет

На полувреме со… Дарко Ѓукиќ- едно од најострите оружја на Охридската ракометна Тврдина!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во сабота (14.Февруари), салата „Билјанини извори“ повторно ќе биде во центарот на вниманието, бидејќи ГРК Охрид го очекува уште еден важен, европски дуел оваа сезона. Тимот, со нови засилувања и големи амбиции, ќе се соочи со предизвикот да го потврди својот квалитет и да ја искористи поддршката од домашната публика. По возбудливите резултати на домашна сцена и историскиот чекор кон европската пролет, охриѓани се подготвени да ги дадат сите сили на теренот, да ги покажат своите способности и да создадат уште една незаборавна вечер за навивачите.

А сега, во центарот на нашата забавна рубрика денес е Дарко Ѓукиќ – десното крило на охридската ракометна тврдина, човекот кој секогаш знае како да донесе гол и насмевка на теренот. Српското десно крило дојде во Охрид со богато европско искуство. Во својата кариера настапуваше за Металург, Вардар, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и за романскиот шампион Динамо Букурешт.

Има настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига, а со репрезентацијата на Србија е дел од светски и европски првенства. Со својата динамика, искуство и постојаност на високо ниво, Ѓукиќ е едно од клучните засилувања на Охридската ракометна Тврдина. Го запознавме Дарко Ѓукиќ и неговата впечатлива кариера, и го прашавме неколку забавни прашања за него – за животот во Охрид, соиграчите и подготовките за саботниот натпревар со Дукла Прага.

  • Во својата богата кариера имаш играно долг период во Македонија- и во Металург, и во Вардар, а сега и во Охрид. Како гледаш сега на тие периоди од твојата кариера? 🇲🇰🤾‍♂️

Искрено, Металург поради финансиските проблеми беше само една преодна станица, додека во Вардар поминав три прекрасни години.

  • Ако Вaрдар, Металург и Охрид се три поглавја од книга – кое е највозбудливо од оваа дистанца? 📖🤾‍♂️🇲🇰

Охрид- затоа што е нов проект со нова екипа и тоа претставува ново искуство за мене.

  • Што би кажал за македонскиот ракомет, и Супер лигата оваа сезона, бидејќи доста добро ти е познат? 🔥🤾‍♂️

Ова ќе биде возбудлива сезона, многу квалитетни екипи и никогаш потешка борба за титулата – сите четири клуба се во игра.

  • Што најмногу те привлече за да дојдеш во Охрид ? 🌊🤾‍♂️🔵⚪

Најмногу ме привлече тоа што се создава еден проект и се гради клуб кој ќе биде препознатлив на европската сцена. 💪

ФОТО: ГРК Охрид
  • Кој е твој најдраг натпревар што си го одиграл за Србија и ќе го паметиш секогаш? 🇷🇸

Кога дебитирав во 2012 година, на пријателски натпревар против Германија. Тоа е мојот најдраг момент, кој ќе го паметам секогаш.

  • Како е да се работи со Раул Гонзалез?

Одлично, еден од најдобрите тренери на денешницата, дефинитивно. 🤝🏅

  • Најдраг колега од репрезентација со кој си најблизок приватно?

Милош Орбовиќ.

  • Кој е твој идол во ракометот?

Немам.

  • Кој голман најмногу си го „прочитал“ во кариерата, а кој те натерал да си речеш: „е, овој ме прочита мене“?

Немам ни тоа. 😄

  • Контра или позиционен напад?

Позиционен напад.

  • Гол од тежок агол или пенал? 🎯

Гол од тежок агол.

  • Скок-шут или лоб? 🥅🤾‍♂️

Скок-шут.

ФОТО: ГРК Охрид
  • Кој соиграч најдобро те „чита“ на терен и најчесто ти асистира?

Анте Иванковиќ. 😁

  • Кој е најголем мотиватор во екипата кога резултатот не оди по план?

Тоа сум јас. 😄

  • Кој од соиграчите е најгласен во соблекувална пред важен меч?

Најгласен? Давид Савревски. 😁

  • Кој е најсмирен во клучни моменти кога натпреварот се ,,крши” ?

Тилен Стрмљан. 😌

  • Кој од тимот е најголем шегаџија, а кој е најсериозен – двајца сосема различни карактери? 😄

Па..Савре е најголем шегаџија, а Тасе – најсериозен.

  • Со кого од екипата имаш најдобра ,,хемија’’ надвор од терен? 😄

Со повеќето соиграчи – генерално, Охрид е мал град и често сме заедно.

  • Кој е „тивкиот лидер“ во Охрид, што не зборува многу, ама сите го следат?

Стрмљан. ✊

  • Кој секогаш верува дека ќе победите, без разлика против кого играте?

Бојан Блажески- Божо. 💪🧤

  • Кој е најстрог кон себе кога ќе направи грешка?

Лиапис.

  • Кој соиграч зборува многу, а кој соиграч зборува малку, ама на време?

Малку, но на време – Гоце, а многу..хм таков – нема. 😁

ФОТО: ГРК Охрид
  • Имаш ли некој ритуал пред натпревар?

Немам ништо посебно.

  • После голем натпревар – релакс или анализа до ситни детали?

Релакс. 😌

  • Европски меч дома или дерби во Супер лига?

Европа. 🔥🤾‍♂️

  • Ајде малку да предвидуваме 😏 – кој мислиш дека ќе го даде првиот гол за Охрид против Дукла Прага? 😁

Јас. 😄🎯

  • Кој детал најмногу може да пресуди против Дукла – одбрана или дисциплина во напад?

Мислам дека одбраната е таа што може да пресуди. 🧱✊

  • Ако победите убедливо дома – кој прв ќе влезе во соблекувална со насмевка до уши? 😄

Славче. 😄

  • Порака до публиката – што очекуваш од нив на 14-ти, а што тие можат да очекуваат од вас? ⚪🔵🍀

Ги повикувам да дојдат во што поголем број и да бидат нашиот осми играч – потребни ни се за да направиме историски успех заедно! 🏅🏆✊

Со силна поддршка од трибините и желба за уште еден успешен настап, ГРК Охрид ќе го одигра натпреварот во сабота со цел да создаде незаборавна вечер за навивачите и да ги искористи сите сили на теренот за уште еден чекор кон европската пролет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот...

Прва лигаФудбал

Фатјон Јусуфи ново офанзивно „оружје“ на Арсими

Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „жолто-црните“ е Фатјон Јусуфи. Станува збор за...

Поврзани написи
Ракомет

Тинекс Пролет ги испрати во „пензија“ Мајнов и Даскалоски

Раководството на Тинекс Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со...

Ракомет

ФОТО: Шампионот Еурофарм Пелистер како на тренинг против „фенерџијата“ Радовиш

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно во пролетниот дел од Суперлигата, откако на гостувањето...

Ракомет

Струга не се предаде во Скопје: Бод со вкус на победа во драмата со Пролет

Во возбудлив натпревар од 20. коло во ракометната Суперлига, Пролет и Струга...

Ракомет

Нов европски предизвик за Митревски и Тодоровски – назначени за дербито во Сегед!

Европската ракометна федерација повторно им укажа доверба на македонските арбитри Димитар Митревски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!