ИнтернационалциФудбал

Грнев носи победнички импулс, Санта Луција славеше кај второпласираната Бирзебуџа

Сподели
Сподели

Минимална, но исклучително значајна победа забележа Санта Луција предводена од македонскиот тренер Емил Грнев, откако на гостински терен славеше со 0:1 против второпласираната Бирзебуџа во Втората лига на Малта.

Натпреварот беше одигран тактички зрело и дисциплинирано од страна на фудбалерите на Грнев, кои целосно го спроведоа планот на стручното раководство и создадоа неколку сериозни шанси и за поубедлив триумф. Решавачкиот погодок го постигна Џејк Кордина, доволен за големи три бода.

Со оваа победа, Санта Луција и натаму останува во игра за обезбедување пласман во плеј-офот. До крајот ги очекува тешка борба, а конечниот исход ќе зависи и од резултатите на директните конкуренти Гудија и Мгар, но шансите и натаму се реални.


По преземањето на Санта Луција, Емил Грнев веќе забележа реми и победа, што е јасен сигнал за позитивен тренд. Дел од неговиот стручен штаб е и Борче Постолов, кој заедно со Грнев работи на стабилизација и напредок на екипата.


На фотографијата е шефот на стручниот штаб Емил Грнев со маскотата на клубот и неговиот прв асистент Борче Постолов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!