Денес на Градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер за Васко Ризов меѓу третолигашот Победа и второлигашот Кожуф, кој заврши со резултат од 0:3 за тимот од Гевгелија.
На полувреме момците на Иван Варадиновски имаа предност од еден гол, а во вториот гол беа постигнати уште два погодоци за конечни 0:3.
Стрелци на погодоците во Валандово за триумф на тимот од Гевгелија беа Веби Исмаили, Александар Богданоски и Томица Петров.
Следната сабота Кожуф ќе има „генералка“ против Детонит Плачковица во Гевгелија, а пролетниот дел тимот на Варадиновски го отвара на домашен терен против Брегалница.
Победа која е непоразен есенски шампион во Трета лига – Исток ќе одигра уште неколку контролни натпревари со цел максимално подготвена да влезе во пролетниот дел, а тимот од Валандово цели кон потврда на првото место и преку бараж да обезбеди враќање во Втора лига по неколку сезони.