Втора лигаПрва лигаФудбал

Два гола на „Билјанини Извори“ за реми на Охрид и Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Денес на „Билјанини Извори“ се одигра пријателски натпревар меѓу лидерот во Втора лига, Охрид и прволигашот Струга Трим Лум, кој заврши без победник со по еден гол 1:1.

Овој контролен меч беше „генералка“ за стружани пред стартот на пролетниот дел кој го отвараат со дербито против актуелниот шампион Шкендија. Стрелец на голот за „рибарите“ беше Антонио Каланоски.

Од друга страна Охрид ќе има уште време за подготовки бидејќи пролетниот дел во ВМФЛ стартува на 21 февруари, а „рибарите“ гостуваат во Струмица кај Беласица во дерби меч.


Двете екипи имаат високи амбиции – Охрид сака влез во ПМФЛ, а пак Струга сака шампионска титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го...

Втора лигаФудбал

Беласица со висок пораз на контролката против Беласица Петрич во Бугарија

Второлигашот Беласица денес одигра нов контролен натпревар во рамки на зимските подготовки...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Овче Поле подобар на контролката со младинците на Брегалница

Третолигашот Овче Поле денес на фудбалскиот терен со вештачка трева во Штип...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!