Втора лигаПрва лигаФудбал

Брера Струмица со победа на “генералката” против Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Прволигашот Брера Струмица забележа победа од 4:2 (2:1) на пријателскиот натпревар против второлигашот Детонит Плачковица, одигран денеска како “генералка” за струмичани.

Мичковски за Детонит Плачковица погоди во првиот дел, а Александар Смилков во вториот дел.

Струмичани со овој натпревар ги заокружија подготовките за пролетниот дел од шампионатот, кој ќе го отворат на домашен терен против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Победата против Детонит претставува успешна генералка и дополнителна самодоверба за прволигашот пред прволигашките предизвици.

Од друга страна, Детонит Плачковица продолжува со подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Резултатот е во втор план, бидејќи тренерите Мартин Алаѓозовски и Горан Здравков комбинираа со цел појасна слика околу формата на фудбалерите.

Второлигашот од Радовиш следен викенд ќе има “генералка” со Кожуф во Гевгелија.

Пролетниот дел ВМФЛ стартува на 21 февруари, а радовишани играат дома против “фенерџијата” Големо Коњари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го...

Втора лигаФудбал

Беласица со висок пораз на контролката против Беласица Петрич во Бугарија

Второлигашот Беласица денес одигра нов контролен натпревар во рамки на зимските подготовки...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Овче Поле подобар на контролката со младинците на Брегалница

Третолигашот Овче Поле денес на фудбалскиот терен со вештачка трева во Штип...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!