Ракомет

Започна онлајн продажбата на билети за европскиот дуел Охрид – Дукла Прага

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид започна со онлајн продажбата на билети за првиот натпревар од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, во кој охриѓани ќе се соочат со екипата на Дукла Прага од Чешка.

Првиот натпревар од овој европски двомеч ќе се одигра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, на 14 Февруари 2026 година (сабота), со почеток од 18:00 часот.

Охрид ќе има можност пред својата публика да обезбеди значајна предност пред реваншот, во пресрет на уште еден голем европски предизвик.

Билетите за натпреварот се веќе пуштени во онлајн продажба, а можат да се купат на следниот линк:  https://mktickets.mk/event/grkdp/

Клубот ги повика сите љубители на ракометот и навивачи да бидат осмиот играч на Охрид, да ја исполнат салата „Билјанини Извори“ до последното место и со силна поддршка од трибините да помогнат во борбата за што поубедлива победа на домашен терен.

Охрид повторно ќе ужива во европска ракометна вечер, а поддршката од публиката може да биде клучна во патот кон нов европски успех.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!