Кошарка

Охрид бара полна сала и силна поддршка во дуелот со Соколи

Сподели
Сподели

Овој викенд започнува плеј-офот во Првата кошаркарска лига на Македонија каде ќе се води битка низ спортските сала во Македонија за влез во Суперлигата.

Охрид овој сегмент го стартува на домашен терен против Соколи од Штип, меч кој има голем влог во битката на охриѓани да се вратат во кошаркарската елита на Македонија.

Клубот бара силна поддршка и полна сала со цел да стигне до триумф против штипскиот тим и со победа ја стартува плеј-оф фазата каде се разигрува за пласман во Суперлигата.

„Во првото коло од плеј-Оф фазата, нашиот тим ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата. Секој поен, секоја одбрана и секоја секунда ќе значат повеќе од било кога. Дојдете да бидете нашиот шести играч! Да ја наполниме салата, да создадеме атмосфера и заедно да го направиме првиот чекор кон целта“, велат од Охрид.

Натпреварот меѓу Охрид и Соколи се игра во недела во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 17 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе...

Кошарка

Кожув го урна шампионот, Феникс славеше во Чаир, Гостивар сигурен против Маџари

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди...

Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!