Ракомет

Бутел Скопје со двојно засилување: Ѓурмешевиќ и Марковски нови адути за продолжението на сезоната

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Ракометниот клуб Бутел Скопје официјално промовираше уште две нови имиња во својот ростер, продолжувајќи со активностите на трансфер-пазарот во пресрет на следните предизвици.

Дресот на „црно-белите“ во иднина ќе го носат левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски. Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и во Бутел пристигнува од редовите на Мулти Есенс, додека Марковски доаѓа од екипата на Аеродром, каде што настапуваше во досегашниот тек од сезоната.

Овие две засилувања доаѓаат по претходното ангажирање на искусниот Мице Шилегов, кој се приклучи на Бутел Скопје од тимот на Вардар Неготино, со што клубот јасно ја зајакнува конкуренцијата во сите линии.

Ѓурмешевиќ, Марковски и Шилегов би можеле да го имаат своето деби уште на претстојниот натпревар против Струга, каде што ќе имаат можност веднаш да се наметнат пред стручниот штаб и навивачите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски...

Поврзани написи
Ракомет

Тиквеш со убедлив старт во 2026, Радовиш без одговор во Кавадарци

Ракометарите на Тиквеш 2014 на импресивен начин ја започнаа новата календарска година...

Ракомет

Алкалоид не виде мака со Пролет – бодовите остануваат во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид успешно ја отворија новата година во Суперлигата, откако на...

Ракомет

Деби победа за Алушовски, Еурофарм Пелистер убедлив против младите „пелистерци“

Еурофарм Пелистер победнички ја отвори новата година и ерата на Стевче Алушовски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!