Прва лигаФудбал

Уште едно исполнето ветување на ФФМ: 210 метри сопствен ЛЕД екран

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со конкретни потези во насока на модернизација на домашниот фудбал, овојпат преку набавка на 210 метри сопствен ЛЕД екран кој ќе се користи на стадионите низ земјава. Станува збор за инвестиција што носи повеќекратна добивка – подобро доживување за публиката, поголема промоција за партнерите и јасен премин кон современ, дигитален амбиент на фудбалските натпревари.

Со оваа набавка, ФФМ става крај на праксата рекламите на стадионите да се реализираат преку застарени, статични решенија, и отвора ново поглавје кое е во чекор со европските стандарди. Дополнително, федерацијата станува сопственик на опремата, без потреба од изнајмување, што покажува долгорочна визија и рационален пристап кон развојот.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, јасно ја потенцираше симболиката и значењето на оваа инвестиција:

„Инвестиција што се гледа: 210 метри сопствен ЛЕД екран. Инвестиција за подобро искуство на натпреварите, поголема видливост за нашите партнери и дигитален фудбалски амбиент.

До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку ‘дрвени табли’.

Правиме исчекор кон современите стандарди. Без изнајмување, со јасна визија.

Уште едно исполнето ветување, уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија.

Фудбалот на прво место. Напред Македонија.“

Пораката од ФФМ е јасна – инвестициите не се само на хартија, туку видливи на терен, а фокусот останува на подигнување на квалитетот, имиџот и целокупното искуство поврзано со македонскиот фудбал.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!