Прволигашот Работнички имаше успешна „генералка“ откако на последниот контролен натпревар пред стартот на пролетната полусезона во Прва лига, го доби второлигашот Кожуф од Гевгелија со 2:0.
Ермедин Адем во 28. минута го отвори резултатот за водство на 1:0 на полувреме, а во вториот дел тимот од Дебар Маало преку Дитмир Хоџа стигна до конечните 2:0.
Работнички пролетниот дел го отвара против Пелистер во Битола, а второлигашот од Гевгелија ќе има уште време за подготовки пред стартот на пролетниот дел во ВМФЛ кој го отвара против Брегалница на домашен терен.