Македонскиот фудбалер Ѓорги Стоилов кариерата ја продолжува во Албанија, ќе го носи дресот на Билис, каде веќе е претставен како големото засилување.
30-годишникот кој настапува како играч од средниот пред беше дел од Македонија ЃП, а сега од Ѓорче се сели во албанскиот шампионат.
Стоилов во Билис ќе настапува со Диме Димов, откако радовишанецот вчера беше претставен во албанскиот тим, за што објави Спортска Мрежа.
Струмичанецот низ кариера настапуваше за Хоризонт Турново, Академија Пандев, Зира од Азербејџан, Шкупи и последно за Македонија ЃП.