Втора лигаФудбал

Победа пред тешка неизвесност – ќе продолжи прилепската гордост со натпреварување?

Сподели
Сподели

Второлигашот Победа се соочува со сериозни проблеми и прашање – дали клубот ќе продолжи со натпреварување во пролетниот дел од Втора лига. Додека сите второлигаши одигруваат пријателски натпревари, носат засилувања за вториот дел од сезоната, во Победа буквално ништо не знае.

За прилепската фудбалска гордост го било секого во Прилеп, најмногу навивачите и љубителите, бидејќи има многу прашалници, а нема одговори околу иднината на клубот.

Според локалните медиуми од Прилеп, неколку стотици навивачи се собрале на собир со цел да се искаже поддршка и да се бара решение за Победа, а се најавува собир и за утре (среда) во Прилеп.

Сите се загрижени за иднината на клубот. Победа веќе неколку сезони се соочува со вакви тешки предизвици околу иднината. Последна сезона во која Победа доминираше и имаше високи амбиции беше во сезона 2021/2022 кога стана шампион во Втора лига – Исток, тоа беше последна сезона во која Втората лига беше поделена на Исток и Запад.

Следната сезона 2022/2023 Победа влезе во Прва лига, но тоа беше само епизодна улога и веднаш испадна од елитата во второлигашкото друштво, а од тогаш започнаа и проблемите и предизвиците околу функционирањето и опстојувањето на клубот. Во сезона 2023/2024 од амбиции за експресно враќање во Прва лига, Победа заврши на 14. место во Втора лига или во бараж зоната и славеше во баражот за опстанок против третолигашот Куманово и избори опстанок.


Поучени од катастрофалната сезона, Победа и минатата сезона за влакно избегна бараж, но успеа да стигне до директен опстанок, но оваа сезона одново тешки искушенија. Клубот презимува на 13. место со 12 бодови односно во зоната за директно испаѓање во Трета лига, со пет бодови негатива во однос на бараж зоната.

Победа се’ уште не е започната со зимски подготовки, нема ниту план дали и кога би започнала, ниту има закажано пријателски натпревари, клубот веројатно останува и без тренерот Филип Мирчески, кој имаше најавено оставка, а притоа нема информации ниту околу играчкиот кадар, бидејќи веќе многу фудбалери заминаа и дел од нив имаат и нови средини.


Веќе низ прилепската чаршија се збори дека Победа може да замине и под стечај. Во секој случај веќе за Победа многу време нема, клубот е пред и најлошото сценарија, а дали ќе може да се стабилизира до 21 февруари кога е закажан стартот на зимските подготовки останува да видиме.

Во меѓувреме ќе ги следиме и собирите на загрижените верни навивачи, кои се симбол на Прилеп, најфудбалскиот град во Македонија.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!