Денес се одигра пријателски натпревар во Струмица меѓу второлигашите Беласица и Детонит Плачковица, кој заврши со триумф од 0:2 за радовишани. 0:1 на полувреме.
До триумфот Детонит Плачковица стигна преку погодоците на Александар Смилков и повратникот Тони Мичковски.
Овој тест натпревар беше нова можност тренерите Панче Стојанов и Горан Здравков да видат како оди подигањето на формата.
Двете екипи ќе продолжат и во следниот период со одигрување на пријателски натпревари до почетокот на пролетниот дел во Втора лига, кој е закажан за 21 февруари.
Беласица пролетниот дел го отвара против Охрид на домашен терен, а исто така и Детонит Плачковица стартува дома со Големо Коњари.