Останато

Штип УГД го декласираше шампионот Струмица со убедлив триумф

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Вечерва во салата „Јордан Мијалков“ се одигра дербито меѓу актуелниот освојувач на Купот, Штип УГД, и актуелниот шампион Струмица, кое заврши со убедлива победа на штипјани од 3-0 во сетови.

Избраниците на Кристиан Ристоски доминираа во текот на целиот натпревар, јасно ставајќи до знаење дека екипата од градот под Исарот сериозно атакува на двојната круна оваа сезона.

Првиот сет заврши со резултат 25:19, а идентичен исход имаше и во вториот сет, по што шампионот веќе беше во подредена позиција и немаше сила за резултатски пресврт.

Во третиот сет, Штип УГД ја заокружи одличната партија со уште поубедлива игра, славејќи со 25:16 и потврдувајќи ја големата победа.


Штип УГД, кој сезонава за првпат настапи и на европската сцена, покрај одбраната на Куп-титулата, јасно ја покажува амбицијата и за освојување на првата шампионска титула во клупската историја. Со ваквите настапи, штипјани се на добар пат да испишат нова значајна страница и да ја прекинат долгогодишната доминација на струмичани.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Пелистер славеше во Маџари, Феникс го шокираше Куманово – возбудливо 14. коло во „МТЕЛ“ Супер лигата

Денес се играше 14. коло во кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига кое понуди богата програма, ефикасни натпревари и неколку резултати кои сериозно влијаат на...

КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија домаќин на Европското првенство У16 „Б“ дивизија

Кошаркарската федерација на Македонија извести дека ФИБА Европа, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на...

Поврзани написи
Останато

Лазаревски позитивен на допинг тест, Виктор Петков патува на ЗОИ!

Со цел јавноста да биде објективно и точно информирана, како и целосно...

Останато

Ѓорческа со победа стартуваше на ИТФ 50 турнирот во Порто

Нашата најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ 50...

Останато

Ѓорческа напредува на ВТА листата и повторно е меѓу елитните 200 во светот

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи позитивен напредок на најновата ВТА ранг-листа,...

Останато

МОК го претстави македонскиот тим за Зимските олимписки игри 2026

Македонскиот олимписки комитет денеска на прес-конференција официјално го претстави македонскиот олимписки тим...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!