Ракомет

Ќосевски: „Нѐ чекаат тешки предизвици, мора да дадеме максимум!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид рутински и без поголем напор ги освои бодовите против Прилеп, славејќи убедлива победа од 28-17 (14-11) во „Билјанини Извори“, во меч кој послужи и како подготовка за претстојниот дуел од Купот на ЕХФ. Домашниот тим контролираше речиси цел натпревар, а пред своја публика запиша нов сигурен триумф.

Новиот член на ГРК Охрид, десното крило- Ален Ќосевски, кој на полусезона дојде од Вардар, посочи дека тимот имал добри подготовки, вклучително и пријателските натпревари во Србија, но призна дека на дуелот со Прилеп можеби недостигала малку мотивација. Тој нагласи дека им претстои тежок период до крајот на сезоната и дека е потребно максимално залагање на секој нареден натпревар.

,, Добро се подготвувавме за овој натпревар, а исто така, имавме и добри подготовки во Србија. Сепак, можам да кажам дека можеби не бевме доволно мотивирани во овој меч, но на следните натпревари треба да дадеме максимум бидејќи ни следат многу тешки предизвици до крајот на сезоната. Моите очекувања се да се бориме за сите три титули што се пред нас. “- вели Ќосевски.

Исто така, тој додаде и дека како нов играч сè уште се прилагодува, особено во одбраната, но верува дека со тек на време ќе се вклопи уште подобро и дека тимот има капацитет да се бори за сите трофеи оваа сезона.

,, Сепак сум нов тука, треба уште малку да се прилагодам, особено на некои работи во одбраната, но се надевам дека ќе биде сè подобро и подобро, како за мене, така и за целиот тим да се воигра и да функционираме одлично и во целина. “ – додава десното крило на охриѓани.

Со оваа победа, Охрид останува во горниот дел од табелата и во борба за поволен пласман пред плејофот, додека Прилеп и покрај поразот сѐ уште ги чува шансите за место меѓу најдобрите шест. До крајот на регуларниот дел следува неизвесна завршница за двете екипи.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи кои во целост разочараа, ако се земе предвид фактот со какви...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!