Младински фудбалФудбал

ФК Детонит Плачковица ги отвори уписите за нови генерации – старт за сезоната 2025/2026

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги започна уписите за нови членови во детската лига за сезоната 2025/2026. Уписите се наменети за деца родени од 2013 до 2020 година, со цел создавање здрави спортски навики и правилен фудбалски развој уште од најрана возраст.

Клубот нуди современи услови за работа, со користење на терени со вештачка и природна трева, како и редовно учество во детските лиги под капата на ФФМ. Младите фудбалери ќе имаат можност да настапуваат на официјални натпревари, но и да земаат учество на турнири во Македонија и надвор од државата, стекнувајќи драгоцено искуство.

Тренажниот процес ќе се одвива под водство на лиценцирани тренери, како и веќе докажани фудбалери кои своето знаење и искуство ќе го пренесуваат на најмладите. Координатор на сите младински и детски категории е Бојан Коцев, лиценциран фудбалски тренер, додека во стручниот штаб се вклучени и тренерите Александар Чаракчиев, Зоран Ристов, Ѓорге Ристоманов и Благој Гегов.


Уписите, ажурирањето и почетокот на тренажниот процес ќе се одржат на 3 март 2026 година, во периодот од 14:00 до 16:00 часот, на вештачките терени на Градскиот стадион во Радовиш. За дополнителни информации заинтересираните родители можат да се обратат на телефонскиот број 078/247-081 (Бојан Коцев).

Од ФК Детонит Плачковица порачуваат дека спортот е вистинскиот пат за правилен раст и развој на децата и ги повикуваат сите млади љубители на фудбалот да станат дел од најголемото спортско семејство во градот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!