Трета лигаФудбал

Петар Илиев – Руни го засилува некогашниот прволигаш Хоризонт Турново

Сподели
Сподели

Некогашниот прволигаш Хоризонт Турново за пролетниот дел во Трета лига – Исток се засилува со искусниот Петар Илиев – Руни, кој доаѓа од редовите на Дојранско Езеро.

28-годишниот фудбалер кој игра како лево крило и шпиц, но може да ги покрива бековските позиции, е еден од најдобрите во третолигашкото друштво на Истокот кариерата ќе ја продолжи во тимот од Турново.

Низ кариерата покрај за тимот од Дојран кој е негов матичен клуб, а за која настапуваше во два наврати, Илиев беше дел и од велешки Борец, а настапуваше и за струмичка Тиверија.


Хоризонт од Турново презимува на четвртото место на табелата со 16 бодови, но има меч помалку во однос на првите три екипи на табелата, мечот со Рудар од Пробиштип кој треба да се одигра пред стартот на пролетниот дел. Доколку „турновци“ бидат успешни на тој меч би имале 19 бодови, а во такви околности и негатива од девет бодови во однос на непоразениот лидер Победа од Валандово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!