Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен со интернационално засилување: Наталие Анамариа Стркаљ пристигна во Тетово

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

ЖФК Љуботен продолжува со амбициозно засилување на ростерот пред пролетниот дел од сезоната, откако во своите редови ја донесе канадската фудбалерка со хрватски корени – Наталие Анамариа Стркаљ.

Станува збор за квалитетна и борбена фудбалерка од типот „box-to-box“, која се одликува со голема работна етика, тактичка дисциплина и меѓународно искуство. Стркаљ во Љуботен пристигнува од редовите на албанскиот шампион Влазнија, со кој настапуваше и во Лигата на шампионите, а претходно беше дел и од Хајдук Сплит, што дополнително зборува за нејзиниот квалитет и натпреварувачки карактер.

Од тетовскиот клуб веруваат дека новото засилување брзо ќе се вклопи во тимската атмосфера и ќе донесе стабилност и енергија во средниот ред, во период кога Љуботен го очекува жестока борба за највисоките цели.

Во пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига, ЖФК Љуботен ќе ја брани шампионската титула, но и Куп-трофејот, а есенскиот дел го заврши на второто место на табелата, со само два бода заостанување зад лидерот Скопје.


Претходно, Љуботен се засили и со репрезентативката на Хаити, Лори-Ен Моисет, за што веќе информираше Спортска Мрежа. Моисет веднаш го покажа својот потенцијал, откако на пријателскиот натпревар против ЖФК Вардар постигна хет-трик.

Со овие засилувања, јасно е дека шампионот од Тетово сериозно ја темпира формата и ростерот во пресрет на продолжението од сезоната и борбата за нови трофеи.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци. Лозар на домашен...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!