РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

ЕХФ ја исправи грешката со нова ждрепка: Македонија ќе го игра реваншот во Скопје

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи измена во распоредот на бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство 2027, откако при првичната ждрепка беше забележана процедурална неправилност која директно ја засегна македонската репрезентација.

Македонија, како носител во извлекувањето, според правилникот треба да ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен. Сепак, при првата ждрепка редоследот на влечење на екипите доведе до спротивен распоред, со што нашата селекција требаше да биде гостин во вториот натпревар.

По реакциите и дополнителната проверка, од ЕХФ ја повторија постапката и го исправија пропустот. Со новата распределба, Македонија ќе го одигра првиот бараж дуел на гости против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, додека одлучувачкиот реванш е закажан да се игра пред македонска публика во Скопје, на 16/17 мај. Првиот натпревар ќе се игра на 13/14 мај.

Со оваа корекција, македонската машка репрезентација доби можност пред своите навивачи да го брка јубилејниот, десетти пласман на светските ракометни првенства, што дополнително ја зголемува важноста на мајските бараж-пресметки.


Инаку, дебито на македонската репрезентација на Светските првенства беше во далечната 1999 година. Тогаш Светското првенство се играше во Египет, а Македонија заврши на 18. место. Низ историјата Македонија играше на СП во 1999 во Египет, потоа на СП 2009 во Хрватска, а потоа фативме континуитет со учество на СП 2013 во Шпанија, две погоди подоцна во Катар, па 2017 во Франција, во 2019 во Данска и Германија, 2021 година во Египет. Нашата репрезентација по осми пат учествуваше на СП 2023 во Полска и Шведска, како и на последното СП пред две години, а домаќини беа Хрватска, Данска и Норвешка.

Светското првенство 2027 година ќе се игра во Германија, предвидено е да започне на 13 јануари, а финалето е закажано за 31 јануари со учество на 32 ракометни репрезентации.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија во АДИДАС дрес со жолта боја ќе игра против Данска во баражот за СП!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес информираше дека по истекот на договорот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот: Македонија У17 во битка за пласман на ЕП

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев го објави списокот...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!