Ракомет

Суперлигашот Тиквеш се засили со Стефан Атанасовски

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Ракометниот суперлигаш Тиквеш продолжува со јасна стратегија за вториот дел од сезоната, ангажирајќи го искусниот кружен напаѓач Стефан Атанасовски, кој треба да биде значајно засилување во борбата за место во плеј-офот.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во Кавадарци доаѓа по настапите во Струга, а веќе се стави на располагање на стручниот штаб и го одработи првиот тренинг со новите соиграчи под водство на тренерот Кристијан Грчевски.

Атанасовски е ракометар оформен во школата на Вардар, каде доби и шанса во сениорскиот тим, а на домашната сцена настапуваше уште и за Пролет, Работнички и Куманово. Интернационалното искуство го стекна во редовите на Раховец од Косово, како и во клубовите Ал Араби од Катар и Ал Мудар од Саудиска Арабија, со настапи и на европската сцена, вклучувајќи ги СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Со неговото доаѓање, Тиквеш добива дополнителна сигурност и физичка моќ на пивотската позиција, каде како опција ќе биде и младиот Стефан Јовевски, довчерашен член на Пролет.

Кавадарчани моментално се наоѓаат на петтото место на табелата со 18 бодови, исто колку и Бутел Скопје кој е шести, а на четири кола до крајот на регуларниот дел целта е јасна – потврда на позициите што водат во плеј-офот.


Вториот дел од сезоната Тиквеш го отвора на домашен терен против последнопласираниот Радовиш, натпревар во кој новото засилување би можело да го има и своето деби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!