Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен пресилен на тестот за ЖФК Вардар: Новите засилувања се „распукаа“ со голови!

Сподели
Сподели

Денес беше одигран пријателски натпревар меѓу актуелниот шампион на Македонија Љуботен и дебитантот во Првата женска фудбалска лига, Вардар во меч на кој тетовскиот тим кој ја брани двојната круна триумфираше со убедливи 8:0.

Новите засилувања на Љуботен се „распукаа“ со погодоци во дресот на новиот клуб.

Репрезентативката на Хаити, Лори-Ен Моисет која вчера беше промовирана во дресот на Љуботен постигна три погодоци во мрежата на Вардар, а пак Хава Мустафа и новото засилување Улза Максути беа двојни стрелци, додека пак еден гол беше дело на Ева Величковска.

Љуботен во пролетниот дел го очекува борба за одбрана на титулата, а пак Вардар да го потврди опстанокот во Првата лига како дебитант што е можно порано и да има мирна завршница од дебитантската сезона во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!