Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот ЖФК Љуботен се засили со репрезентативка на Хаити

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Женскиот фудбалски шампион на Македонија, ЖФК Љуботен, го реализира првото големо интернационално засилување во зимскиот преоден рок, ангажирајќи ја репрезентативката на Хаити со канадски пасош – Лори-Ен Моисет.

24-годишната офанзивна фудбалерка во Македонија пристигнува од силната австралиска лига, каде настапуваше за Сиднеј, а претходно беше дел и од канадскиот клуб Лавал. Во таборот на Љуботен со нејзиното доаѓање добиваат комплетен напаѓач кој може да одговори на сите офанзивни позиции и од кого очекуваат конкретен учинок – голови и победи.

Од клубот истакнуваат дека договорот со Моисет е насочен кон јасна цел: нови трофеи и продолжување на доминацијата на домашната сцена.

Нејзиното интернационално искуство и богато спортско портфолио ја вбројуваат меѓу најзвучните засилувања што пристигнале во македонската женска лига. Моисе веќе денес на пријателскиот меч против Вардар постигна хет-трик.

ФОТО; ЖФК Љуботен

Љуботен есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место, со само два бода заостанување зад лидерот ЖФК Скопје, кој ја понесе титулата есенски шампион. Во пролетниот дел, тетовскиот клуб ќе води жестока битка за одбрана на шампионската титула, но и за зачувување на трофејот во Купот – со јасна амбиција да ја одбрани „двојната круна“.

Со ангажманот на Лори-Ен Моисет, ЖФК Љуботен испраќа јасна порака дека сериозно атакува на сите домашни цели и во продолжението од сезоната. Во следниот период се очекува Љуботен да се засили со уште неколку фудбалерки.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!