Денес на теренот со вештачка трева во Струмица се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Тиверија Брера и Истатов, каде струмичанки беа подобри со 2:0.
Стрелци на погодоците за Тиверије Брера беа Пале Николовска и Розита Пецева.
Ова беше можност за тренерите Славе Велков и Кирил Изов проверат како оди подигањето на формата за пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига.