РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Кирил Лазаров предупредува: „Нема опуштање, мора да бидеме сериозни“

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација ја дочека ждрепката за мундијалскиот бараж во поволна позиција, како носител, но селекторот Кирил Лазаров веднаш испрати јасна порака – нема простор за потценување, без разлика кој ќе биде ривалот.

Нашиот национален тим во баражот за пласман на Светското првенство 2027 ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка. Македонија со резултатите во квалификациската група обезбеди место меѓу носителите, со што ги избегна најсилните европски селекции, но селекторот предупредува дека вистинската работа допрва следува.

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“- изјави Лазаров.

Бараж-натпреварите се закажани за 13/14 и 16/17 мај 2026 година, а победникот од двомечот ќе обезбеди пласман на Светското првенство. За Македонија тоа би значело осмо последователно учество на Мундијал и вкупно десетто во историјата на националниот тим.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!