ИнтернационалциПрва женска фудбалска лигаФудбал

Македонската Golden Girl MG7 во Јувентус: Меланија Грозданова пристигна во Торино

Сподели
Сподели

Европската фудбалска сцена доби ново име за кое сè погласно се зборува. Меланија Грозданова (2008), една од најперспективните фудбалерки што Македонија некогаш ја имала, моментално престојува во Торино, каде што тренира со Јувентус – еден од најголемите клубови во европскиот женски фудбал. Во Италија, сè почесто покрај нејзиното име се поврзува прекарот Golden Girl MG7, кој веќе се наметнува како симбол на новата генерација македонски женски фудбал.

Според информациите од италијанските новинари, Грозданова оставила исклучително силен впечаток на првите тренинзи. Брзината, зрелоста во играта и леснотијата со која постигнува голови се издвојуваат како нејзини главни квалитети, а во клубот владее големо задоволство од прикажаното.

И покрај младата возраст, Меланија делува сосема природно во средина која ја носи тежината на името Јувентус, што дополнително го потврдува нејзиниот огромен потенцијал.

Иако штотуку наполни 17 години, Грозданова зад себе има импресивна сезона. Таа е официјално прогласена за најдобра млада фудбалерка на Македонија за сезоната 2025/26, додека во дресот на Љуботен постигна осум погодоци во првенството, настапувајќи на повеќе офанзивни позиции – крило, офанзивен играч од средниот ред и напаѓач.


Веќе е стандардна членка на А репрезентацијата на Македонија, а стручната јавност ја гледа како предводник на новиот бран на македонскиот женски фудбал и играч околу која треба да се гради новиот квалификациски циклус за Светското првенство.

Престојот во Торино не се гледа само низ призмата на тренинзите, туку и како дел од поширок процес на адаптација на врвното европско ниво. Токму тој аспект го истакна и тренерот на Љуботен, Бојан Стаменковиќ.

„Меланија моментално е во Јувентус и тоа е голема чест за целиот наш клуб. Фактот што е препознаена од еден толку голем клуб зборува сам за себе. Ова покажува колку Јувентус е сериозен клуб и колку се грижи за фудбалерките, не само на теренот, туку и за нивната адаптација. Меланија е таму за да го почувствува градот, клубот, соблекувалната, тренерите и соиграчките и сигурен сум дека овој престој многу ќе ѝ значи. Секако, со нетрпение го очекуваме нејзиното враќање за да ја комплетираме екипата и да продолжиме со подготовките за продолжението од сезоната.“

Сè што деновиве пристигнува од Торино оди во прилог на тоа дека Јувентус во Меланија Грозданова гледа многу повеќе од уште еден талент.

Доколку првите впечатоци се вистински показател за она што следува, македонската Golden Girl MG7 штотуку зачекори на големата европска сцена – и изгледа како да е создадена за неа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Богданци дишеше во ритамот на ракометот: Исполнета сала со детска радост и енергија на ракометниот караван на РФМ

Ракометната федерација на Македонија успешно ја реализираше својата нова станица од Ракометниот караван, кој денеска се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци....

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска по триумфот над Топ Гол: Девојките покажаа карактер, трпение и голема желба за победа

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Вардар, победнички ја отвори пролетната полусезона, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Топ...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска по триумфот над Топ Гол: Девојките покажаа карактер, трпение и голема желба за победа

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Вардар, победнички ја отвори пролетната...

ФудбалФутсал

Јувентус Серава преку пресврт вечерва славеше над Мал Ајакс

Екипата на Јувентус Серава со одлично второ полувреме го доби Мал Ајакс,...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Објаснување за судиските одлуки и инцидентот во финишот на натпреварот Вардар – Башкими

Фудбалската федерација на Македонија даде целосно објаснување за судиските одлуки и инцидентот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!