Кошарка

Голема неизвесност во Првата кошаркарска лига во трката за место во топ осум

Сподели
Сподели

Возбудливо коло зад нас во Првата македонска кошаркарска лига, со одиграни повеќе натпревари кои дополнително ја искомплицираа битката за врвот и за пласман во ТОП 8 фазата, особено во групата „Б“.

Во дербито на групата „Б“, Бутел стигна до значајна гостинска победа против Струмица ФМП со 83:71. Гостите одиграа одлично прво полувреме и стекнаа солидна предност (48:36), која домаќините не успеаја целосно да ја анулираат. Иако Струмица ФМП се доближи во третиот период, Бутел рутински го затвори натпреварот. Киров беше лидер кај победниците со 24 поени, пред Јанески (18), Мартиноски (12) и Андоновски (11), додека кај домашните Александровски постигна 23, а Д. Пандев 21 поен.

Овче Поле ја оправда фаворитската улога против Струмица Ролинг и славеше со 82:67. Тимот од Свети Николе имаше контрола врз резултатот во текот на целиот меч и во последната четвртина ја потврди четвртата победа сезонава. Каришик реализираше 22 поени, Николовски 17, а Здравковиќ 15. Кај Струмица Ролинг, Атанасов беше најефикасен со 16 поени.

Вардар оствари убедлив триумф над Младинец со 109:62, без поголеми проблеми против последнопласираниот тим. Петмина кошаркари на „црвено-црните“ имаа двоцифрен учинок, предводени од Стојановски со 20 поени. Кај Младинец, Здравковски реализираше 22 поени.

Тетекс ТТК приреди изненадување совладувајќи го Охрид со 70:66. Клучна беше третата четвртина која тетовци ја добија со 22:15 и ја претворија во четврта сезонска победа. Крстевски беше прво име кај победниците со 24 поени, додека кај Охрид се истакна Димитровски со 26.


Во уште еден важен натпревар од групата „Б“, Борец баскет убедливо го совлада Спортисимо во Кавадарци со 90:67 и се вклучи во трката за највисок пласман. Со овој успех, велешани се израмнија по учинок со Бутел, Соколи 1933 и Струмица ФМП, што најавува драматична завршница. Трпески постигна 16 поени за Борец баскет, додека кај Спортисимо Митрев реализираше 19.

Во групата „А“, Црн Дрим беше подобар од Водно Санс и славеше со 85:73, победа која им ги одржува шансите за пласман меѓу најдобрите четири. Камиловски со 22 и Д. Шабани со 20 поени беа клучни кај стружани, додека Стојанов со 27 поени се истакна кај гостите.

Со овие резултати, Првата кошаркарска лига влегува во завршница од регуларниот дел со максимална неизвесност, каде секој следен натпревар може да има клучно значење за конечниот пласман. Веќе овој викенд односно денес и утре се играат натпреварите од последното коло од регуларниот дел.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито во Крива Паланка, Гордон блескаше со 40 поени

Кошаркарките на Бадел 1862 остварија значајна гостинска победа против актуелниот шампион Крива...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар максимални по три кола, Бутел го запре Охрид во Првата кошаркарска лига

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи донесе убедливи победи,...

Кошарка

МТЕЛ Суперлига: Работнички останува перфектен, победи и за Кожув и Пелистер

Кошаркарите на Работнички продолжуваат со максимален ефект во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Вардар убедлив против Гевгелија, МЗТ Скопје Аеродром до прва победа во сезоната

Вардар ја продолжи победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!