Европско првенство 2026Ракомет

Германската машина ја запре Хрватска и избори финале на Европското првенство

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Германија е првиот финалист на Европското првенство 2026, откако во полуфиналната пресметка славеше над Хрватска со 31:28. „Панцерите“ ја решија дилемата околу победникот со силен старт на второто полувреме и ќе се борат за златниот медал против подобриот од дуелот меѓу Данска и Исланд.

Полуфиналето донесе изедначена и борбена игра во првиот дел. Двете селекции се менуваа во водство, а разликата ретко надминуваше еден гол. Во финишот од полувремето Германија направи мала серија и на паузата замина со предност од 17:15.

Клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме, кога Германците со серија од 5:1 се одлепија и за кратко време стигнаа до висока предност. Во еден период имаа и седум гола разлика, што им овозможи мирна контрола на натпреварот. Хрватска не се предаде, се обиде со игра „седум на шест“ и во самиот финиш се доближи на минус два, но за целосен пресврт немаше сили.

Најефикасен во победничкиот состав беше Лукас Зербе со шест погодоци, додека значаен придонес имаше и голманот Андреас Волф со 13 одбрани. Кај Хрватска, најмногу се истакна Тин Лучин со шест гола, а поддршка доби и од Кларица и Мартиновиќ.


Со овој триумф Германија обезбеди финале на континенталниот шампионат и шанса повторно да се бори за европската круна, додека Хрватска ќе има можност да стигне до медал во натпреварот за третото место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!