Дебитантот во Првата женска фудбалска лига Вардар, в сабота ќе го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки против актуелниот шампион Љуботен.
Натпреварот е предвиден да се одигра на „АМС Спортски центар“ во Тетово, со почеток од 12:30 часот.
Овој меч ќе послужи за добивање појасна слика околу тоа како фудбалерките на двете екипи во изминатиот период ја подигале формата.
Љуботен во пролетниот дел со Скопје ќе води битка за одбрана на титулата, а пак Вардар кој е дебитант ќе цели за седма позиција на табелата, а како конкурент за тоа место ќе ја има екипата на Речица.