Прва лигаФудбал

Николов се враќа дома, Торес пристигнува од Аргентина – Вардар со две силни засилувања

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Вардар продолжува со сериозно јакнење на играчкиот кадар пред продолжението на сезоната, а „црвено-црните“ во наредните денови ќе добијат две звучни засилувања – повратникот Бобан Николов и аргентинското крило Хоакин Торес.

Искусниот играч од средниот ред, Бобан Николов, по неколку години повторно ќе го облече дресот на Вардар. Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа како слободен играч по ангажманот во романскиот Фарул Костанца и од среда ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. За него ова ќе биде втор мандат во клубот, по периодот од 2015 до 2018 година, кога Вардар освои две титули и го оствари историскиот пласман во групната фаза на Лига Европа.

Покрај Николов, договорен е и аргентинскиот интернационалец Хоакин Торес, офанзивец кој настапува по крилните позиции. Торес минатата сезона играше во бразилската Серија Б во екипата на Амазонас, а претходно има богато меѓународно искуство, вклучувајќи настапи во МЛС за Филаделфија Унион и Монтреал, како и европска епизода по заминувањето од матичниот Њуелс Олд Бојс.

„Извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, ја информира јавноста дека е постигнат договор со уште две значајни засилувања. На црвено-црните им се приклучуваат македонскиот репрезентативец Бобан Николов и аргентинскиот интернационалец Joaquín Torres, кој пристигнува од Мејџор Лига Сокер (MLS), каде што настапуваше за екипите на CF Montréal и Philadelphia Union. ФК Вардар АД продолжува со интензивна работа на зајакнување на тимот во пресрет на продолжението на сезоната“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

Николов во својата кариера има настапувано и за Фехервар, Лече, Шериф, ФЦСБ, Кишварда и Борац Бања Лука, а носи значително искуство и стабилност во средниот ред. Торес, пак, се очекува да донесе брзина и креативност во офанзивата, со што Вардар добива дополнителни опции во нападот.


Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!