Прва лигаФудбал

Николов се враќа дома, Торес пристигнува од Аргентина – Вардар со две силни засилувања

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Вардар продолжува со сериозно јакнење на играчкиот кадар пред продолжението на сезоната, а „црвено-црните“ во наредните денови ќе добијат две звучни засилувања – повратникот Бобан Николов и аргентинското крило Хоакин Торес.

Искусниот играч од средниот ред, Бобан Николов, по неколку години повторно ќе го облече дресот на Вардар. Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа како слободен играч по ангажманот во романскиот Фарул Костанца и од среда ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. За него ова ќе биде втор мандат во клубот, по периодот од 2015 до 2018 година, кога Вардар освои две титули и го оствари историскиот пласман во групната фаза на Лига Европа.

Покрај Николов, договорен е и аргентинскиот интернационалец Хоакин Торес, офанзивец кој настапува по крилните позиции. Торес минатата сезона играше во бразилската Серија Б во екипата на Амазонас, а претходно има богато меѓународно искуство, вклучувајќи настапи во МЛС за Филаделфија Унион и Монтреал, како и европска епизода по заминувањето од матичниот Њуелс Олд Бојс.

„Извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, ја информира јавноста дека е постигнат договор со уште две значајни засилувања. На црвено-црните им се приклучуваат македонскиот репрезентативец Бобан Николов и аргентинскиот интернационалец Joaquín Torres, кој пристигнува од Мејџор Лига Сокер (MLS), каде што настапуваше за екипите на CF Montréal и Philadelphia Union. ФК Вардар АД продолжува со интензивна работа на зајакнување на тимот во пресрет на продолжението на сезоната“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

Николов во својата кариера има настапувано и за Фехервар, Лече, Шериф, ФЦСБ, Кишварда и Борац Бања Лука, а носи значително искуство и стабилност во средниот ред. Торес, пак, се очекува да донесе брзина и креативност во офанзивата, со што Вардар добива дополнителни опции во нападот.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!